Инстаграм профилот на популарната блогерка Љупка Митрова е повторно жртва на сајбер манијак, објави 1тв.
Имено од пред неколку часа нејзиниот профил на Инстаграм не постои, а Митрова нема никаков пристап за да си го врати назад.
Таа веќе е во комуникација со хакерот, кој по се изгледа подолг период бил најавен на профилот и го следел секој разговор на Љупка.
Инаку ова на познатата блогерка и се случува веднаш откако таа со своите две ќерки пристигна во Турција каде го поминува својот годишен одмор.