среда, 21. октомври 2020. Вести денес: 162
home Познати

ЉУБОВТА Е СКАПА: Сопругата му прости на славниот фудбалер за неверството, а тој ја награди со прескап подарок

За Колин само најдоброто, Вејн и го организираше и ја плати прославата на 32 роденден во Дубаи, а тој не отиде туку само ја плати вртоглавата сума.
ЉУБОВТА Е СКАПА: Сопругата му прости на славниот фудбалер за неверството, а тој ја награди со прескап подарок

Вејн Руни и неговата сопруга Колин често се мета на англиските медиуми. Очекувано, бракот на поранешниот капитен на Англија е под будното око на јавноста, па така сите можеа да ги следат и убавите и лошите моменти од нивниот деветгодишен брак.

На напаѓачот на Евертон скандалите не му се непозната работа, па јавна тајна е дека убавата Колин неколку пати му има простено неверства, а најновата афера изби на крајот на 2017 година, во моментите кога неговата тогаш бремена сопруга со тројцата синови беше на одмор во Шпанија.

Тогаш се пишуваше дека Вејн ја изневерил Колин со самохраната мајка Лаура Симпсон, а иако таа му прости и остана со него во брак, неверството не го заборави. Доказ за тоа се секојдневните знаци на внимание на Руни и обидите да и се извини на сопругата за неверството.

LIVERPOOL, ENGLAND – APRIL 12: Manchester United football player Wayne Rooney and his wife Coleen watch the racing during the first day of the Aintree Grand National meeting on April 12, 2012 in Aintree, England. The first day, known as Liverpool Day, celebrates the city’s link with the famous Aintree Racecourse. (Photo by Christopher Furlong/Getty Images)

Наводно напаѓачот и ги исполнува сите желби, а последниот подарок кој го добила е за 32-от роденден. Вејн и организирал и платил прослава во Дубаи, а иако тој поради професионални обврски не можел да биде таму, платил околу 100 милиони фунти.

Можеби овие неколку месеци му помогнале да ја научи лекцијата.

Коронавирус