петок, 18. септември 2020. Вести денес: 104
home Познати

Листа на познати со најголема заработка на Инстаграм за 2019 година, Роналдо убедливо на врвот

Листа на познати со најголема заработка на Инстаграм за 2019 година, Роналдо убедливо на врвот

Точно 47,8 милиони долари заработил Кристијано Роналдо оваа година само од рекламите на Инстаграм. Португалскиот фудбалер е личноста која заработува најмногу пари преку оваа социјална мрежа, речиси милион долари по објава.

Според податоците на Buzz Bingo, Роналдо инкасира  по 975.000 долари за секоја спонзорирана објава со што официјално ја има титулата крал на Инстаграм. Со оглед на таа цена, фудбалерот не мора да објавува премногу платени огласи, а во 2019-та година тоа го направил 49 пати.

Инаку, Роналдо кој на Инстаграм има 194 милиони следбеници годишно од Јувентус добива помала плата од заработката која ја има преку друштвената мрежа, односно од „Старата дама“ на годишно ниво е платен 36,6 милиони долари.

На листата според заработката од Инстаграм го следат Лионел Меси на второто место, Кендал Џенер, Дејвид Бекам, Селена Гомез и Нејмар.

Од спонзорирани објави Меси заработил 23,3 милиони долари, а обично цената на една објава е околу 600.000 долари. На својот профил има 139 милиони следбеници и 36 спонзорирани објави.

Моделот Кендал Џенер е најплатената жена на Инстаграм со годишна заработка ос 15,9 милиони долари. Секоја објава Кендал ја наплаќа по 611.000 долари.

Најплатениот Британец на оваа листа е Дејвид Бекам кој преку својот профил на Инстаграм на сметката си додава 10,7 милиони долари. Наводно, најскапата спонзорирана објава на неговиот профил е платена 357.000 долари, а тој имал вкупно 30 реклами годинава.

Коронавирус