вторник, 13. ноември 2018. Вести денес: 1
home Познати

Лили Ален со шокантно откритие за славниот пејач: Со ова може да му го расипе бракот

Лили Ален со шокантно откритие за славниот пејач: Со ова може да му го расипе бракот

Контроверзната британска поп пејачка Лили Ален го фатила својот колега Џејмс Блант како води љубов пред нејзината соба во познатиот хотел Шато Мармонт во Лос Анџелес, но не ја откри неговата партнерка.

– Еднаш, пред да влезам во мојата соба во Шато Мармонт, видов како некој има секс со Џејмс Блант, рече меѓу другото таа во интервју за порталот „Јаху Би“.

Доколку тој „некој“ не е Софија Велесли, со која Блант е оженет веќе четири години, Лили може да му направи сериозни проблеми во бракот на познатиот пејач на балади.

-Периодов Лили Ален е актуелна со нејзините признанија дека експериментира со женски партнерки по разделбата од сопругот Сем Купер, како и нејзината дружба со една друга позната контроверзна глумица – Линдзи Лохан и нејзината девојка, пишува „Дејли Меил“.