четврток, 23. јуни 2022. Вести денес: 190
home Познати

Лила искрена… и „скромна“: „Немам ниту еден комплекс, а баш би сакала да имам…“ (ФОТО)

Лила искрена… и „скромна“: „Немам ниту еден комплекс, а баш би сакала да имам…“ (ФОТО)

Годинава пролетта колку и да се труди „да глуми есен“, сончвите зраци и неговата топлина полека се’ повеќе почнуваат да навираат и доминираат, па и каленадарски и според временските прилики станува јасно дека летото е на прагот. Само што не зачекорило, не го преминало… Ама затоа некои Македонки не чекаат летото само да им дојде, туку тие самите пред време, нему му одат во пресрет.

Една од оние што меѓу првите ја отвори сезоната е најдолгвечната и секако најдобра македонска ТВ водителка, Лила Филиповска.

Впрочем, нејзе лето и беше уште зимоска, кога се сончаше и „шлапкаше“ во плиткото во Дубаи!

Но, овој пат на Лила не и се чекаше да дојдат „40 целзиуси под сенка“, па затоа побрза да биде нешто „поскромна“… и проклето искрена!

Во црни бикини во црн фустан од провидна тантела за на плажа, со сламена торба, собрана коса и модерни очила за сонце, Лила реши сама да миу појде во пресрет на првиот летен предизвик, иако летото уште не дошло. Нешто како генерална проба или проверка пред сезона, сеедно, ама Лила она што го покажа на плажа, апсолутно соодветсвува со она што и самата го кажа…

„ Немам ниеден комплекс… А баш би сакала да имам еден… на море“ – напиша сексапилната ТВ водителка која иако оддамна не е тинејџерка, својата секси фигура и телесна убавина се’ уште ја одржува на врвно ниво.

А што се однесува до комплексите… Никогаш не е доцна… Најбргу се „лечат“ со барем една вила… со поглед на море!

Коронавирус