вторник, 29. септември 2020. Вести денес: 150
home Познати

Лидерот на „Меморија“, Перо – „Камиказа“ заврши во болница

Лидерот на „Меморија“, Перо – „Камиказа“ заврши во болница

Петар Георгиевски или популарниот Перо – „Камиказа“ како што сите го познаваат, покрај тоа што е познат како актер и лидер на една од најголемите македонски рок групи „Меморија“, последниве години е целосно посветен на спортскиот живот. Трчењето на долги стази или поточно маратоните се неговата спортска страст и пасија. И не само рекреативно, туку полупрофесионално и професионално годиниве наназад Перо ги трчаше најголемите и најпознатите светски маратонски трки кои се одржуваат низ улиците на светските метрополи и мегалополиси.

Токму затоа сите, а најмногу и самиот тој беа убедени дека им пркоси на годините со својот атлетски дух и спортски начин на живот… Но по се’ изгледа не било баш така. Прекарот „Камиказа“ за малку ќе му дојдеше до глава, како што велат зашто по се изгледа дека секое задоволство има своја одредена возраст, рок на траење, доза на парактикување…, пишува вистина.мк

И така Перо „Камиказа“ трчањето – спортот на кој толку е горд за малку ќе го чинеше живот. Заради одредени здравствени компликации, дали како последица на „претерувањето“ или како нуспојава на оваа спортска дисциплина „маратонецот“, не дај Боже, за малку ќе го трчаше последниот круг… Петар Георгиевски заврши в болница – 17 дена на интензивна нега со дијагноза која воопшто не е наивна… За среќа… Имало век – имало и лек… И к’смет за „Камиказа“!

Еве ја неговата животна приказна која собра храброст да ја сподели на социјаните мрежи деновиве. Денес, фала му на Бога, жив и здрав, во фаза на рековалесценција… За трчањето во иднина одлучуваат лекарите, за она другото… Господ Бог!

Коронавирус