сабота, 11. јули 2020. Вести денес: 0
МЕГА БОМБА

Еве ја целата листа: Речиси цело семејство Заеви, министри, градоначалници и функционери на СДСМ добија кривични од Боки 13

home Познати

(ФОТО) “Лесно е да се трошат туѓите пари” Бремената Софија нападната откако се пожали на една работа

Манекенката Софија Милошевиќ е на мета на интернет обвинувања дека со фудбалерот е "само заради пари"
(ФОТО) “Лесно е да се трошат туѓите пари” Бремената Софија нападната откако се пожали на една работа

Српската манекенка Софија Милошевиќ (30) е скоро година дена во љубовна врска со професионалниот фудбалер Лука Јовиќ (22) кој игра за Реал Мадрид, а од кога почнаа да се забавуваат “хејтери” ја обвинуваат дека е со него заради пари, затоа што Јовиќ потпишал договор вреден 60 милиони евра.

Имено, Софија неодамна објави фотографија на која позира во цветен фустан, а во коментарите на Инстаграм ја обвинуваат дека забременила заради пари, и дека “најлесно е да се трошат туѓи пари”.

Бремената Софија веќе некое време престојува во Мадрид со својот дечко, од каде што често објавуваат фотографии од луксузните вили со базен во кои поминуваат време, фотографии од скапоцени комбинации, часовници, чанти кои вредат и по неколку илјади евра.

-Се мачев да најдам некоја гардероба во која ќе ми биде удобно и која убаво ќе ми стои, напишала манекенката под фотографијата на која позира во прекраткиот шарен фустан, брендираните папучи и чанта.

Парламентарни избори 2020