среда, 21. октомври 2020. Вести денес: 133
home Познати

Лепа Брена исплашена од коронавирусот, во Монако троши и не жали, не знае што ѝ носи новиот ден

Лепа Брена исплашена од коронавирусот, во Монако троши и не жали, не знае што ѝ носи новиот ден

Во Кнежеството Монако за една вечер таа знае да потроши и по 5 илјади евра низ луксузните ресторани, а многумина се чудат како тоа од една сиромашна балканска земја Србија, има и такви трошаџии, не знаејќи дека станува збор за исклучително финансиски богата пејачка

Само за летот со приватен авион од Белград до Ница, каде мора да се слета за да се стигне потоа со автомобил до Монако, Лепа Брена и Боба платиле 8.000 евра. Во Монако имаат луксузен стан во кој се со синовите Филип и Виктор. И тие исто така пристигнале со приватен авион. За време на одморот во самиот град Монте Карло редовно излегувале во монденските и скапи ресторани, каде знаеле за само една вечер да потрошат по 5.000 евра.

Инаку, во Монако ја изнајмиле јахтата „Салоренцо“, која е долга 30 метри. Јахтата ја платиле 240.000 евра за цело лето. Морале да ангажираат и скипер иако Лепа Брена и Боба имаат дозвола за управување со јахта. Скиперот имал плата од 2.500 евра.

Паркингот за јахта во Монако е 1.000 евра. Кога ќе сакаат да застанат во некое пристаниште мора да се платат и нуркачи за чистење на јахтата од алги, а за тоа се плаќа по 150-200 евра. Тоа не е сè.

Лепа Брена (Фахрета Јахиќ-Живојиновиќ) и Боба имаат и послуга на јахтата. За време на одморот популарната брачна двојка ги посетила и Кан, Ница, Корзика, Неапол, Бари, Санта Марија ди Лука, а најдоа време со јахтата да пловат и до нивниот омилен Дубровник, кој е прилично далеку од Монте Карло.

Друштвото кое е со Лепа Брена, покрај синовите и мажот Боба Живојиновиќ, вели дека таа троши и воопшто не жали. Поради оваа корона-ситуација од која е исплашена, постојано зборувала дека има само еден живот, не знаејќи што може да ѝ донесе новиот ден! Токму, така!

Коронавирус