сабота, 19. септември 2020. Вести денес: 68
home Познати

Леонардо ди Каприо ќе мора да го врати Оскарот

Леонардо ди Каприо ќе мора да го врати Оскарот

Леонардо ди Каприо кој како подарок го доби Оскарот на Марлон Брандо од 1954 година, ќе треба да го предаде подарокот на полицијата поради тужба.

Според “Њујорк тајмс”, малезискиот бизнисмен Џо Лоу, кој му подарил Оскарот на Лео, истиот го купил на аукција за 600.000 долари. Имено, Лоу е обвинет заедно со поранешниот премиер на Малезија, Најиб Резак за проневера од милијарда долари.

Покрај статуетката на Брандо, холивудскиот актер добил и други подароци од бизнисменот, вклучувајќи и слика од Пабло Пикасо и колаж од Жан Мишел Баскија.

​Лоу е во бегство, а според некои сознанија, се крие во Кина, каде наводно го кријат тамошните власти.

Коронавирус