недела, 28. февруари 2021. Вести денес: 71
home Познати

Легендарниот танчер на аргентинското танго почина како последица од коронавирусот

Легендарниот танчер на аргентинското танго почина како последица од коронавирусот

„Сè се случи многу брзо, татко ми почина … Тој ќе блеска засекогаш меѓу ѕвездите и засекогаш ќе остане запаметен во историјата на тангото“, објави неговата ќерка Јохана Копес на Фејсбук.

Хуан Карлос Копес, роден на 31 мај 1931 година во Буенос Аирес, се прослави со промовирање на аргентинското танго, страствен национален танц што го донесе на најголемите светски сцени.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Primicias Ya (@primiciasya)

Негова партнерка за танцување долго време беше легендарната Марија Нивес, со која беше во брак од 1964 до 1973 година и танцувале како двојка до 1997 година.

Неговата ќерка Јохана тргнала по стапките на нејзиниот татко и беше негов партнер за танцување скоро 20 години.

Кариерата ја завршил во 2015 година.

Коронавирус