вторник, 19. ноември 2019. Вести денес: 76
home Познати

Леди Гага и Бредли Купер глумеле на „Оскар“

Леди Гага и Бредли Купер глумеле на „Оскар“

Леди Гага призна дека интимниот настап со Бредли Купер на Оскарите во неделата бил само глума.

Неколку дена откако освои оскар за најдобра песна за „Плитко“, Гага гостуваше во шоуто на Џими Кимел и таму зборуваше за својот незаборавен настап со колегата од „Ѕвезда е родена“, за кој многумина кажаа дека бил преинтимен и преромантичен.

-Сето тоа беше глума. Луѓето видоа љубов и тоа е токму оние што ние сакавме тие да видат. ‘Плитко‘ е љубовна песна, ‘Ѕвезда е родена‘ е љубовна приказна. За нас беше многу важно да бидеме поврзани цело време. Кога пееш љубовна песна, сакаш луѓето така и да ја почувствуваат. Јас и Бредли сме уметници и мислам дека добро си ја завршивме работата, изјави 32-годишната поп ѕвезда.

 

Најнови вести