четврток, 23. септември 2021. Вести денес: 15
home Познати

Лазиќ (не) смее да пее: Колегата на Дарко ја откри вистината, а еве што го чека

Лазиќ (не) смее да пее: Колегата на Дарко ја откри вистината, а еве што го чека

Се шпекулираше дека Дарко Лазиќ веќе никогаш нема да може да се занимава со пеење, а сега неговиот колега Марко Гачиќ вели дека тоа не е вистина и дека пејачот само во моментов не е во можност да пее поради проблемите кои ги имал со градите.

-Не е точно дека нема да може да пее, тоа се будалаштини. Тој и сега пее, ама многу малку, бидејќи не смее да ги форсира белите дробови. Не смее да се напрега, вели Марко, кој го посети Дарко во неговиот апартман во бањата во Младеновац, каде со недели закрепнува после сообраќајната несреќа.

Тие веќе заедно и запеале. Гачиќ открива и како изгледаат болничките денови на Дарко.

-Сега е супер, само му е досадно. Секој ден има вежби за левата нога која атрофирала. Сега оди на терапија за левата нога, а за пет недели ќе почнат терапиите и за десната нога. Дарко се надева дека за неколку месеци ќе може нормално да оди. Силен е тој, додал Марко.

Коронавирус