недела, 18. август 2019. Вести денес: 43
home Познати

Кутија во која имало нешто вредно, а не било неменета за неа: Вака принцезата дознала за најголемото предавство во животот

Кутија во која имало нешто вредно, а не било неменета за неа: Вака принцезата дознала за најголемото предавство во животот

Во 1996. година принцезата Дајана и принцот Чарлс се развеле по 15 години брак. Без сомнение, една од главните причини била таа што Дајана, како што еднаш рекла, “се чувствувала како трето лице во бракот”.

Принцот Чарлс бил во врска со Камила Паркер Боулс пред да стапи во романса со принцезата Дајана, а раскинале во 1971. година, кога принцот се приклучил кон Британската кралска морнарица.

Две години подоцна Камила се мажи за Ендру Паркер Боулс, и тогаш изгледа дека не постои никаква шанса за заедничка иднина за Камила и Чарлс. Како што е познато, Чарлс во 1980. година почнал да се гледа со тогаш 19-годишната Дајана Спенсер, а овој пар се венчал во јули наредната година.

Сепак, и покрај разделбата и новите партнери, чувствата меѓу Чарлс и Камила не можеле туку така да исчезнат, па парот во 1986. година ја обновил љубовната романса, иако и двајцата биле во брачна заедница.

Дури во 1992. година палатата потврдила дека имало сериозни брачни проблеми меѓу Чарлс и Дајана, и дека парот се развел во декември.

Пет години подоцна принцезата Дајана отворено зборувала во интервју на кој начин дознала дека нејзиниот сопруг има афера.

Како што пишува “Mirror”, Дајана открила кутија само неколку недели пред венчавката. Ја отворила, а внатре имало ракавица.

-Уште бев незрела за да ги разберам сите пораки кои ги наоѓав попатно. И тогаш едно лице во неговата канцеларија ми кажа дека мојот сопруг ја наменил алката за Камила, рекла принцезата.

-Ја отворив и таму беше алката. Бев очајна, и бесна. Зошто не можеше да биде искрен со мене, се запрашала тогаш Дајана.

На основа на записите на Ендру Мортон, кој ја пишувал биографијата на кралското семејство, јавноста дознала дека на алката ги има изгравирано буквите “Г” и “Ф”, а очигледно станувало збор за прекарите кои Чарлс и Камила си ги дале еден на друг – Гледис и Фрес.

Овој настан се случил само две недели пред свадбата, поради што Дајана сакала да ја откаже церемонијата.

 

Најнови вести