понеделник, 19. август 2019. Вести денес: 1
home Познати

Курирката го изгубила накитот на Рита Ора вреден четири милиони долари

Курирката го изгубила накитот на Рита Ора вреден четири милиони долари

Изгубен е накитот на Рита Ора (28) кој требало да го носи во Кан.

Жената задолжена за чување на накитот кој на познатиот филмски фестивал требало да го носи Рита Ора, успеала да го изгуби. Станува збор за скапоцени камења кои пејачката ги добила од еден луксузен бренд, а нивната вредност се проценува на 4 милиони долари.

Жената, која како курир од Лондон требало да го донесе накит во Кан, го заборавила во кабината при излегувањето од авионот на аеродромот во Ница. Кога сфатила дека го изгубила се обидела да се врати во авионот, но тој веќе полетал.

– Некој со главата во облаците речиси изгуби неколку милиони долари – се пошегувал полицаецот па додал дека вредниот накит одлетал за Лондон, а бил пронајден во текот на пребарувањето на аеродромот „Хитроу“. Веднаш потоа, со идниот лет бил испратен во Ница, а Рита Ора го добила навреме.

Славната пејачка на забавата во кан блеснала во белиот фустан со впечатлициот дијамантски ѓердан.

FOTO: Instagram/Printskrin