понеделник, 10. мај 2021. Вести денес: 0
home Познати

Крвта не е вода: Синот на Лила се фотографираше гол во када (ФОТО)

Крвта не е вода: Синот на Лила се фотографираше гол во када (ФОТО)

Бањата е едно од омилените места на Лила Филиповска каде што обожава да позира, независно дали е дома или во некоја од хотелските соби каде е чест гостин.

Во када, до када, запенета, на светло или во мрак, Лила има безброј вакви фотографии кои го пополнуваат нејзиниот ултра популарен профил на Инстаграм.

Pовеќето од настанатите фотографии имаат за цел промоција на одредени производи кои таа ги рекламира, но во секој случај, бањата е едно од најчестите места каде се фотографира.

Не за џабе рекле дека „крвта не е вода“, па така и синот на водителката.

Имено, Филип можеби не е толку активен на социјалните мрежи како мама, но затоа реши да ги изненади своите следбеници по примерот на неговата сакана мамичка.

И тој се фотографираше гол и запенет во када.

За „фраерлукот“ да биде поголем, тој ги стави и очилата за сонце и покажа дека и е вешт „позер“, а иако фотографијата не е професионална како оние на мама, и тој собра голем број лајкови и коментари, меѓу кои се уште не се нашол и оној на Лила за оваа несекојдневна објава на синчето.

Коронавирус