вторник, 24. ноември 2020. Вести денес: 80
home Познати

Кристина Димитриевска за новиот ангажман како модел наиде на бурна реакција – „ Срам да ти е, еве ти директен unfollow“

Кристина Димитриевска за новиот ангажман како модел наиде на бурна реакција – „ Срам да ти е, еве ти директен unfollow“

Балканската убавица, а од неодамна и мис карантин на светот, актактивната Кристина Димитриевска, периодов најмногу е посветена на одржавањето на својата линија преку спорт, но одвреме навреме и во време на пандемија подработува по некој ангажман како модел рекламирајќи одредени продукти.

Со оглед на тоа дека секојдневно се будиме и легнуваме со информации за коронавирусот и страшните бројки на заразени, заштитата мора да биде на прво место.

 

View this post on Instagram

 

#staysafe ☀️

A post shared by MISS BALKAN 2019 ? (@kristina.dimitry) on

Тоа и како е добро познато, а Кристина доби ангажман да биде модел, односно да рекламира заштитна медицинска опрема како: скафандери,визири, маски, антибактериски гелови. Откако позираше со опремата за потребите на оние што ја ангажираа, тетовската убавица наиде на бурна реакција од еден следбеник кого таа го нарече „фраер“, но и не му остана должна со одговор, а преписката ја објави јавно.

„Дојде до тој степен да спонзорираш скафандери и визири? Срам да ти е! Еве ти директен unfollow- пишува во реакцијата, на што таа возврати:

„Додека е преку потребна медицинска опрема, треба сите да помогнеме да знаат од каде да набавуваат! Можеби не си свесен што се случува во државава!Ама затоа знаеш што објавувам јас!Следи ја повеќе девојка ти, јас преферирам да ме следат добри луѓе и умани“ гласеше нејзината одбрана.

Сепак, целта беше постигната, а оние што не им одговара тоа да го гледаат, очигледно си ја знаат опцијата и самите.

 

Коронавирус