петок, 28. јануари 2022. Вести денес: 114
home Познати

КРИЕ ОД СИТЕ: Опаѓањето на косата има сериозни последици по менталното здравје на Лепа Брена

КРИЕ ОД СИТЕ: Опаѓањето на косата има сериозни последици по менталното здравје на Лепа Брена

Здравјето на Лепа Брена, особено менталното, било нарушено бидејќи пејачката се борела со одреден проблем кој и ја симна насмевката од лицето.

Популарната пејачка важи за голем професионалец во својата работа, а се труди нејзиниот визуелен изглед секогаш да биде беспрекорен. Сепак, она што јавноста речиси го заборави е дека пејачката имала сериозни проблеми кои дури, како што се пишувало, довеле до депресија.

Здравјето на Лепа Брена, поточно менталниот дел од него било нарушено кога ѕвездата ги доживеала последиците кои секојдневното дотерување и подготовка за емисиите и сцената ги носи со себе.

Косата и опаѓала, поради прекумерно фарбање, поради што била принудена да носи перики, а тоа многу тешко и паднало врз неа и довело до очај.

– Брена навистина има големи проблеми со својата природна коса која со годините станува се поретка и секој ден се повеќе опаѓа. Таа сфати дека долгогодишното фарбање, тапирање и третирање на нејзината коса на различни снимки го направило своето кога почнала да прави селфи со нејзиниот нов телефон. Се исплашила кога видела дека изгледа ќелаво. Некое време се обидувала да пушти шишки за да ги сокрие ќелавите делови, носела штипки, надградби и сите можни додатоци, но годините го направија своето, веќе ништо не помага. Брена паднала во депресија и носела капи и извесно време додека нејзиниот фризер не и рекол дека периките се идеалното решение кои денес се толку напредни што ретко кој може да забележи дека има вештачка коса на главата. Иако порано носела перики и не и беа омилени, Брена решила да го послуша фризерот, па за проба нарачала две. Се прошетала и со двете во Арена и била воодушевена од коментарите – изјави извор близок до фолк ѕвездата.

Меѓутоа, како што пишуваат српските медиуми, Брена своевремено многу брзо се прилагодила на промената, па како што се шпекулира и денес носи перики.

– Брена не ги симнува периките од глава, а не оди ни во продавница ако не стави на глава една од десетината што ги има сега. Се прилагодила толку многу што ги носи и кога патува во странство и ги става сама, без помош на фризер. Таа е пресреќна кога ќе се погледне во огледало. Периките се лесни, од природна коса, па Брена не чувствува дека нешто ја мачи. Иако е позната како штедлива личност и сака се под заштита и на попуст, таа не зажали за парите за перики. Свесна е дека колку е подобро и поприродно изгледа и затоа колку е поудобно за главата, толку е поскапо. Така ниту една нејзина перика не е поевтина од 500 евра – заклучува извор близок до дивата на „Гранд продукција“, пренесува „Хелоу“.

Коронавирус