среда, 20. јануари 2021. Вести денес: 0
home Познати

Кралското семејство нема да ѝ ја исполни најголемата желба на Меган

Кралското семејство нема да ѝ ја исполни најголемата желба на Меган

Меган Маркл со своите досегашни настапи покажа во јавноста дека не ги почитува многу правилата и традицијата на кралското семејство.

Нејзината идеја и желба била на денот на венчавката со принцот Хари да ја испрати мајка и Дорија Рагланд, што би било прв пат во историјата на кралското семејство невестата до олтар да ја следи жена.

Во кралското семејство не ја дочекале оваа вест со воодушевување една жена да ја преземе традиционалната машка улога на венчавката.

Меган ќе мора во оваа ситуација да се согласи на компромис бидејќи ова е нешто што кралицата не го дозволува, пишува Британски мирор.

Меган не сака нејзиниот татко Томас Маркл да ја придружува до олтарот и, како сега стојат работите, таа улога би можела да му припадне на принцот Вилијам. Принцот би требало да му биде и кум на својот брат на венчавката.

„Кралицата и останатите членови на семејството сфаќаат дека Меган не е во добри односи со својот татко и дека затоа сака со мајка си да чекори до олтарот, но традицијата е таква што невестата секогаш до олтар ја придружува машки член на семејството“, рекол извор за Мирор а некои членови на семејството предложиле Вилијам како брат на младоженецот да ја преземе оваа должност.

Со таткото Томас Маркл не е во добри односи и не го повикала на венчавката бидејќи досега бил доста зборлест со медиумите и ѝ создава проблеми.

Коронавирус