сабота, 30. јули 2022. Вести денес: 0
home Познати

КРАЛИЦАТА ПАК ЈАВА! Елизабета не ги послушала ЛЕКАРИТЕ, па повторно е снимена на КОЊ (ФОТО)

КРАЛИЦАТА ПАК ЈАВА! Елизабета не ги послушала ЛЕКАРИТЕ, па повторно е снимена на КОЊ (ФОТО)

Кралицата Елизабета Втора (96) решила да не го слуша советот на докторот кој пред неколку месеци и рекол да престане да јава, па е фотографирана на коњ во Виндзор

Кралицата Елизабета поради здравствени проблеми отсуствуваше од многу настани, а јавноста имаше можност да ја види како оди со бастун.

Меѓутоа, кога оваа недела се појави во Виндзор без бастун, многумина почувствуваа дека нејзината здравствена состојба е подобрена.

Извор за „The Sun“ изјавил дека кралицата не јавала во последните девет месеци, па уживала повторно да биде на коњот.

– По сите грижи за нејзиното здравје, добар знак е повторно да ја видиме како јава. Сосема е извонредно да се прави тоа на 96 години – рекол изворот.

Кралицата е активен јавач од 1929 година. Кога имала 3 години, добила пони, а во текот на животот одгледувала и тркачки коњи.

Планот е кралицата да оди на своето годишно патување во Шкотска за неделата на „Holyrood Week“, но како што рекоа од Бакингемската палата, таа одлука ќе биде донесена подоцна.

Да се потсетиме, кралицата Елизабета својата долговечност и добриот изглед ги должи на своите здравствени навики.

Личниот готвач на кралицата, Дарен Мекгрејди, во својата книга „Eating Royally: Recipes and Remembrances from a Palace Kitchen“ откри кои се нејзините навики во исхраната.

Мекгрејди наведува дека она што кралицата Елизабета го јаде секој ден не се променило во последните 60 години.

Коронавирус