недела, 9. мај 2021. Вести денес: 73
home Познати

Кралицата Елизабета Втора го прославува 95 роденден

Кралицата Елизабета Втора го прославува 95 роденден

Британската кралица Елизабета Втора денеска го прославува својот 95 роденден, оваа година на поинаков начин, прв пат без сопругот принцот Филип кој почина неодамна. Воедно, ова ќе биде втора година по ред без традиционалната воена парада која нема да се одржи поради коронавирус пандемијата.

Извори блиски до кралското семејство изјавиле дека роденденот на кралицата ќе се одбележи со помал број членови на кралското семејство и дека годинава нема да биде објавен традиционалниот портрет на кралското семејство, бидејќи до петок траат деновите на жалост за војводата од Единбург.

Портпаролот на британското Министерство за одбрана потврдил дека ниту оваа година, нема да има почесна стрелба од лондонскиот Хајд парк, како ни јунска прослава на родендените познати како „“Поздрав на боите“.

Како се наведува, иако кралицата нема да ги извршува кралските должности наредните недели, ќе работи од дома, односно лично ќе одговара на пораките на светските лидери кои изразиле сочувство поради смртта на принцот Филип.

Коронавирус