недела, 17. јануари 2021. Вести денес: 0
home Познати

Кралицата Елизабета има многу помошници, но оваа работа во кујната сака сама да ја прави

Кралицата Елизабета има многу помошници, но оваа работа во кујната сака сама да ја прави

Иако британската кралица Елизабета Втора на располагање има повеќе од 1000 слуги кои и помагаат речиси во се што прави, сепак нејзиниот личен помошник Пол Барел открива дека постои куќна активност која сака сама да ја прави.

Секоја година кралицата со семејството заминува на имотот Балморал во Шкотска каде летува, а често бара самата да ги измие садовите по оброкот.

-Сака да оди на излети, а храната ја подготвуваме ние, но затоа сака сама да ги мие садовите. Ќе стави гумени ракавици и мие, додека помошничката ги брише со сува крпа, открива Барел.

Тој додава дека кралицата има специфичќен режим на исхрана и јаде само помали оброци во текот на денот.

-Не сака да ја јаде божиќната вечера како најголемиот дел кои ја полниме чинијата, признава личниот помошник на кралицата.

Барел за кралицата почнал да работи како 18 годишно момче, а во 1987 година бил личен помошник на принцезата Дајана се до нејзината трагична смрт.

Коронавирус