вторник, 24. ноември 2020. Вести денес: 136
home Познати

Кралицата Елизабета има дублерка, ова е Ела Слак

Кралицата Елизабета има дублерка, ова е Ела Слак

Многумина во светот се прашуваа како 94-годишната британска кралица Елизабета Втора успева да стигне да присуствува на многубројни кралски приеми и настани. Од каде има толку енергија да трча од прием на прием? Само лани Елизабета имала 295 настани.

Сепак, постојат луѓе коишто ги менуваат познатите личности при нивно појавување во јавноста односно дублери, кои популарно се нарекуваат и „клонови“. Многу големи славни лица на настаните на кои не успеваат да учествуваат, ги испраќаат своите дублери, т.е. луѓе што им се физички многу слични. Понекогаш тие и се штитат на овој начин, кога не сакаат да се појават некаде, затоа што процениле дека може да се најдат во опасност.

Како што објави „Би-би-си“, такво нешто прави и кралицата Елизабета, но на малку поинаков начин. Во нејзиниот случај, не постои личност која повремено ја менува кралицата и се преправа дека е вистинската Елизабета, но постои жена која физички наликува на неа и барем малку ги олеснува работите на кралицата. И тоа го прави веќе цели 30 години.

Таа ја заменува на пробите за кралските настани. Кралицата се занимава со важни работи, се појавува само таму каде што мора, па за нејзините генерални проби е задолжена 62-годишната Ела Слак, која со фигурата и изгледот навистина потсетува на кралицата.

-Досега ѝ бев замена повеќе од 50 пати. Не изгледам потполно исто како неа, но имаме иста висина и држење на телото, а имаме и слична фризура, вели Ела за „Би-би-си“.

Коронавирус