понеделник, 25. јануари 2021. Вести денес: 111
home Познати

„Ковид елита“: Српската водителка мораше да се огласи откако нејзината објава ги разбесни луѓето (ФОТО)

„Ковид елита“: Српската водителка мораше да се огласи откако нејзината објава ги разбесни луѓето (ФОТО)

Водителката Сања Маринковиќ предизвика бројни коментари во јавноста со фотографии од прославата на која напиша „ковид елита“.

Сања се огласи на својот Инстаграм објаснувајќи дека не правила таа забава и објасни што сакала да каже со она што го напиша.

-Голема прашина се крена во јавноста поради фотографиите од прославата, па би сакала да се слушне мојот глас по тој повод. Јас не ја организирав прославата, но отидов на собир по повод роденденот на мојот пријателка, започна водителката.

-Другото нешто што предизвика многу прашина е она што го напишав на фотографијата „kovid elite“. Жал ми е што многу луѓе погрешно го разбраа тоа, напиша Сања.

-Овој израз всушност претставува луѓе кои, биле заразени со корона, но, за среќа, успешно го прележелале вирусот – објасни водителката во објавата.

-Сакам да знаете дека не ми била намерата да навредам некого или да охрабрам некого да ги крши правилата донесени од и државата, заклучи Сања.

Коронавирус