среда, 20. јануари 2021. Вести денес: 37
home Познати

Ковачевиќ: Ќерката на девојка ми ја сакам како да е моја

Ковачевиќ: Ќерката на девојка ми ја сакам како да е моја

Српскиот пејач Саша Ковачевиќ кој на 6 април ќе одржи концерт во Скопје, во ВИП Арената, ангажирал дури 200 статисти за снимањето на новиот спот за песната „Преварена“. Ковачевиќ изминатиов викенд беше на гости во Скопје, и ни раскажа за видеото, кое е снимано во Мароко.

„Снимавме со продукцијата „Атлас“, со која се работени познатиот филм „Гладијатор“ , серијата „Игра на тронови“ и многу други. Се работеше и по 20 часа на ден. Сѐ уште сум изморен од патот, бев под постојан стрес дали сѐ ќе излезе како што треба. Сакавме да направиме нешто различно. Затоа во приказната е вративме во 1500 година. Снимавме во студио и во пустината Сахара. Наскоро ќе видите за што е работи“, ни изјави пејачот.

Саша со Зорана на отварањето на неговиот ресторан во Белград минатата година 

Ковачевиќ, кој е миленик на женската публика, во српските медиуми е актуелен врската со Зорана Тасиќ. Таа од првиот брак ја има ќерката Искра, за која Ковачевиќ вели дека ја сака како да е негова ќерка.

„Уживам во игрите со Искра, и ја сакам како да ми е ќерка“, вели пејачот. Зорана инаку е од градот Кикинда, и е поранешна Мис на Војводина.

„Се запознавме на Инстаграм. Почнавме да се лајкуваме, а потоа стапивме во контакт и така започна нашата врска“, откри Ковачевиќ.

Во Скопје, тој последен пат одржа концерт во 2016 година, а на 6 април ветува добра забава со сите негови хитови. Остана запаметен и охридскиот концерт истата година, на стадионот Билјанини извори. (М.Џ.)

Најнови вести

Коронавирус