недела, 20. септември 2020. Вести денес: 0
home Познати

Коронавирусот ја преполови: Милица Тодоровиќ плачела од мака, не знае каде се заразила

Коронавирусот ја преполови: Милица Тодоровиќ плачела од мака, не знае каде се заразила

Српската пејачка Милица Тодоровиќ видно ослабна за краток период, забележаа нејзините фанови. Иако нејзината килажа со години варираше, сега Тодоровиќ покажа дека во карантин изгуби доста од килограмите.

На „Инстаграм“ позираше покрај колешката Славица Чуктераш со која се заедно во карантин откако и двете се заразија со ковид-19 од почетокот на јули.

Болеста доста влијаела на апетитот на пејачката, која се пожали дека иако има полесна форма на болеста, сепак се мачела со високата температура и омалаксаноста.

-Бев истоштена и добив висока температура која не успеав да ја симнам неколку дена. Потоа почнав да имам ужасна главоболка. Сега сум многу подобро и физички и психички. Кога не знаев дека имам корона, постојано бев во страв поради луѓето кои беа со мене. Сега сум среќна што сум здрава и што најлошото заврши. Ќе продолжам да водам грижа за моето здравје. Ќе носам маска кога ќе излезам надвор и ќе ја почитувам мерката на држеше социјално растојание, рече таа.

Милица вели дека не знае каде се заразила со Ковид 19. Вели дека била во посета на Крушевац месец дена и дека тогаш немала никакви симптоми.

Потоа се вратила во Белград каде имала неколку настапи.

 

Коронавирус