вторник, 4. август 2020. Вести денес: 190
home Познати

Коронавирусот го уништи српскиот пејач: Открива дека имал симптоми посериозни од вообичаените за вирусот

Коронавирусот го уништи српскиот пејач: Открива дека имал симптоми посериозни од вообичаените за вирусот

Српскиот пејач Љуба Аличичќ ја отвори душата и раскажа како изгледала неговата борба со коронавирус.

Тој вели дека во еден момент дури го загубил и помнењето, додека се лекувал во болница од каде на домашно лекување бил пуштен пред три недели.

-На почетокот овој вирус не го сфаќав сериозно. Мислев дека е грип како и секој друг, а тогаш се заразив. Немав симптоми кои се вообичаени за корона, како што се температура или сува кашлица. Моите беа многу полошо. Толку бев малаксан што немав сила да станам од креветот. Верувајте ми дека во еден момент ја загубив меморијата, не знаев како се вика. Беше страшно. Неколку пати се онесвестував и ми беше јасно дека ситуацијата е сериона, раскажува Љуба.

Синот и сопругата го натерале да оди во болница докторите му кажале дека состојбата му е многу сериозна.

-Во тој момент се ми помина низ глава. Никој не знае како вирусот ќе се однесува од час во час, а сепак јас сум човек во години. Сестрите постојано ме боцкаа со игли. На лицето имав маска со кислород. Мојата состојба почна да е подобра дури третата недела, а дома бев пуштен кога добив негативен тест на корона, открива пејачот Аличиќ.

Коронавирус