четврток, 9. декември 2021. Вести денес: 49
home Познати

Конечно има виновник за кобниот лет на фудбалерот Сала – се огласи и неговата сестра кога ја дозна веста, има јасна порака за светот! (ФОТО)

Конечно има виновник за кобниот лет на фудбалерот Сала – се огласи и неговата сестра кога ја дозна веста, има јасна порака за светот! (ФОТО)

Организаторот на летот со приватниот авион во коj трагично загина аргентинскиот фудбалер Емилијано Сала, како и пилотот Дејвид Иботсон е прогласен за виновен после двегодишната истрага и судската постапка околу трагедијата која го потресе светскиот фудбал.

Организатор на летот беше Дејвид Хендерсон (67), кој е од источен Рединг во Јоркшир и тој е прогласен за виновен во авионската несреќа, откако приватниот авион во кој се наоѓаше Сала се урна во Ла Манш.

Хендерсон призна дека се обидел да организира лет за патници без дозвола и овластувања, а пресудата за висината на казната ќе му биде одредена на 12 ноември. Со Хендерсон летото го договарал менаџерот Вилијам Мекеј.

Авионската несреќа се случи на 22 јануари откако авионот исчезна над Ла Манш на враќање од Нант кон Кардиф, откако Сала бил во Франција за последно збогум со соиграчите и клубот, откако францускиот прволигаш го продаде за 15 милиони фунти во премиерлигашот од Велс.

Телото на Сала беше пронајдено на 3 февруари, откако после два дена потрага крајбрежната стража и полицијата не го најдоа авионот во Ла Манш, по што беше преземена приватна истрага, која успеа да го пронајде авионот, а во него и телото на Сала. Телото на пилотот Дејвид Иботсон и до ден денеска не е пронајдено.

Инаку денеска и сестрата на Сала, Ромина објави фотографија на својот Инстаграм профил алудирајќи на тоа дека сепак правдата е истерана до крај и е пронајден виновникот за загинувањето на нејзиниот брат.

Коронавирус