четврток, 3. декември 2020. Вести денес: 43
home Познати

Колку е богата Меган Маркл?

Колку е богата Меган Маркл?

Средбата на Меган Маркл со принцот Хари успеа радикално да ги промени нивните животи. Сепак, додека тој е роден со сина крв, таа претрпе голема трансформација – од актерка во војвотка.

Пред да ја добие оваа титула, Маркл беше популарна со нејзината улога како Рејчел Зејн во серијата „Костуми“. Затоа е сосема логично што оваа продукција имала најголем ефект, не само на нејзината слава, туку и на нејзината банкарска сметка.

За својата седумгодишна актерска кариера, Меган успеа да акумулира мала, но пристојна за своите достигнувања сума. Нејзината такса за една епизода на „Костуми“ беше околу 43,000 американски долари, што годишно изнесува повеќе од 410.000 американски долари.

За нејзините седум сезони во улогата на Рејчел Зајн, Маркл стана милионер. Пред да се омажи за принцот Хари, таа имала повеќе од пет милиони долари на својата банкарска сметка, што ја натерало да се навикне на безбеден живот уште пред да стане Војвотката од Сасекс, пишува „Експрес“.

Денес, таа и принцот Хари споделуваат богатство што не е официјално објавено, но се проценува на повеќе од 30 милиони долари. Секоја година, двајцата добиваат 5-6 милиони – еден вид плата за нивните кралски ангажмани.

 

Коронавирус