вторник, 12. ноември 2019. Вести денес: 77
home Познати

Колинда штеди пари на облека: Хрватската претседателка повторно стана хит на интернет со оваа гардероба извадена од стар орман (ФОТО)

Колинда штеди пари на облека: Хрватската претседателка повторно стана хит на интернет со оваа гардероба извадена од стар орман (ФОТО)

Претседателката на Хрватска Колинда Грабар Китаровиќ која стана вистински хит на Светското првенство во фудбал во Русија минатото лето повторно е во центарот на вниманието во родната земја.

Како што пишуваат хрватските медиуми, таа неодамна ја посети Белгија каде имаше работен состанок со неколку политичари од Европската унија.

Но, надвор од политиката тие пишуваат за нејзиниот одличен изглед и застарената облека која претседателката ја извадила од стариот орман.

Имено Колинда може да се забележи во истата гардероба и во 2007 година кога била Министерка за надворешни работи и европска интеграција.

Јавноста иако ја критикува дека таа не треба да се појавува во иста облека, сепак едногласно му порача на светот дека имаат најубава жена претседател.