четврток, 3. декември 2020. Вести денес: 184
home Познати

Која од „Дисциплина кичме“ се разбуди од кома

Која од „Дисциплина кичме“ се разбуди од кома

Фронтменот на „Дисциплина кичме“, Душан Којиќ – Која, се разбуди од вештачката кома, после мозочниот удар минатата недела.

„Се разбуди Која и веќе неколку дена полека закрепнува“, напишал новинарот Галеб Никачевиќ, а неговиот твит го пренесе новинската агенција Танјуг.

Која доживеа мозочен удар во Велика Британија, каде заминал во посета на својата сестра. Итно бил примен во една локална болница, каде лекарите го вовеле во вештачка кома, за да може мозокот да закрепне.

Која речиси четири децении е активен на балканската музичка сцена, најпрво како дел од триото „Шарло акробата“, а потоа во „Дисциплина кичме“.

Коронавирус