четврток, 4. март 2021. Вести денес: 6
home Познати

Која беше Риалда Кариќ – ПОЗНАТА КАКО МАРИЈА ОД „ЖИКИНА ДИНАСТИЈА“

Која беше Риалда Кариќ – ПОЗНАТА КАКО МАРИЈА ОД „ЖИКИНА ДИНАСТИЈА“

Риалда Кадриќ Шебек почина ненадејно синоќа на 57-годишна возраст во Атина, каде живееше во последно време. Поранешната југословенска актерка препознатлива по улогата на Марија во филмската серија „Луди години“ е родена е на 14 јуни 1963 година во Белград.

Популарноста ја стекна кога имаше само 13 години, токму во „Луди години“. Марија Тодоровиќ, подоцна Павловиќ глумеше вкупно осум пати. Имаше и уште неколку помали улоги и не се занимаваше со глума од раните 90-ти. Во Велика Британија, таа прво работеше како новинар и репортер, а потоа беше специјализирана за психоанализа.

Детство и образование

Основно образование следеше во „Исидора Секулиќ“ а беше член на Драмската секција на Радио Белград. Имаше само 13 години кога го сними својот прв филм. По завршувањето на средното училиште, и пред да се запише на факултет, помина еден месец во Париз.

Се запиша на студии за светска литература на Филолошкиот факултет во Белград. Со цел да го подобри својот англиски јазик во 1984 година, таа за прв пат го посети Лондон. Две години подоцна, таа се пресели во главниот град на Англија, каде што се школуваше, се вработи и се омажи.

Актерска кариера

Како член на Драмската секција на Радио Белград, таа го стекна своето прво знаење за глума. Сепак, се случи голем момент во 1976 година кога таа за прв пат се појави во филм. На млада возраст стана дел од екипата на „Луди години“

Веќе како тинејџерка, доби можност да „го испече занаетот“ со Драгомир Бојаниќ Гидра, Дара Шалениќ, Марко Тодоровиќ и Јелена Сигон. Нејзин партнер беше Владимир Петровиќ, кому тоа му беше прва улога.

Иако режисерот планираше да има само еден филм, големиот интерес на публиката и продукцијата го натера да сними продолженија. Новото продолжение беше премиерно прикажано во 1980 година. Сериозната драма, стана комедија, а посебен фокус, освен забранетата љубов на Марија и Боба, имаше врската меѓу нивните татковци, Милан и Жика. Во партизанскиот филм „Двобој за јужната пруга“ од 1978 година, Риалда играше млада партизанка. Режисерот Здравко Велимировиќ повторно ја обедини со Гидра, а на младата актерка и беше дадена можност да учи од искусни колеги како Радмила Савичевиќ.

Последен филм што го сними е драмата на Милан Јелиќ „Чудна ноќ“, објавена во 1990 година. После тоа, таа повеќе не снимаше филмови и се посвети на други занимања. На прашањето на новинарите зошто ја прекина ветувачката актерска кариера, Риалда одговори дека тоа било младински експеримент и дека работата на психотерапевт е нешто во што навистина ужива.

Животот повторно ја однесе во Лондон, но сега остана повеќе од 30 години.

Најпрво пишуваше напиша радиоколумни за градот Лондон за Радио Белград и Третиот канал на Радио телевизија на Србија. Со распадот на Југославија и почетокот на крвавиот конфликт, интересите на слушателите се сменија, па Кадриќ работеше како репортер и известувач.

Приватен живот

Често се дружеше со нејзиниот филмски партнер Владо Петровиќ. Иако призна дека бакнежот со „Боба“ бил прв во нејзиниот професионален и приватен живот, тие не беа во емотивна врска.

Најнови вести

Коронавирус