сабота, 19. септември 2020. Вести денес: 30
home Познати

Кој би рекол дека братот на Здравко Чолиќ се занимава со ова !

Кој би рекол дека братот на Здравко Чолиќ се занимава со ова !

Здраво Чолиќ несомнено е еден од најпознатите музичари на Балканот, но кога станува збор за неговиот приватен живот, пејачот го чува во тајност. За неговата фамилија не се знае многу, а кога ги спомнува најчесто зборува за неговата сопруга Александра и двете ќерки Уна и Лара. Се венчаа во 2011-та година и оттогаш живеат во хармоничен брачен живот.

Меѓутоа постои уште една личност во животот на миленикот на женска публика, за кој јавноста скоро и да не знае. Имено, тој има помлад брат по име Драган со кој е близок цел свој живот. Драган живее во Белград.

Во една прилика, Здравко изјави дека нивните родители, таткото полицаец, а мајката домаќинка, правеле се за да ги изнесат на вистински пат.

– Татко ми го купи првиот грамофон, првата гитара и тоа се од една плата, бидејќи мама не работеше, беше домаќинка- објасна Чолиќ.

Според информациите на српските медиуми, Драган завршил гимназија во Сараево и таму студирал. Денеска е сопственик на една ќебапчилница во белградската наслеба Дорчол, за која наводно ги откупил рецептот од оригиналните сараевски ќебапи на познатиот мајстор Хоџиќ. Неговиот брат Зравко често свратува на ќебапи, секогаш кога има прилика, а нив двајца тешко да ги видиме во медиумите, иако се блиски.

Коронавирус