среда, 2. декември 2020. Вести денес: 0
home Познати

Кој беше Драган Вучиќ и што се’ остави зад себе? (ФОТО+ВИДЕО)

Кој беше Драган Вучиќ и што се’ остави зад себе? (ФОТО+ВИДЕО)

Драган Вучиќ ќе остане засегоша впишан како еден од основоположниците нма македонската јавна сцена од осамостојувањето па се до неговата прерана смрт. Академски музичар, врвен инструменталист, виртуоз зад бас гитарата, уште од најмала возраст се среќава со музиката, талент кој ќе го наследи од неговиот татко, некогаш познат хармоникаш.

Искуството Вучиќ го стекнува свирејќи низ многу групи во младоста, кога се запознава и со својата сопруга, Весна, ќерка на прочуениот македонски гајдаџија и легенда на изворниот македонски фолклор, Пеце Атанасовски.

Вучиќ професионално и се посветува на фолк музиката, иако забавната никогаш нема да ја напушти. Кон крајот на 80-те јавната музичка кариера на Драган Вучиќ започнува во групата „Тавче гравче“ каде беше басист и придружен вокал на Смиља Митревска, со кои издав и ЛП плоча со најпознатиот сингл „Ако имаш срце“.

Во почетокот на 90-ите години, Вучиќ станува член на новоформираната и тогаш многу популарна македонска фолк група „Кода“, каде исто така свири бас гитара, но сега е и главен вокал. Нивниот хит „Ника Марика“ ќе стане вонвремнски и ќе остане во аналите на македонската новосоздадена фолк песна.

Во тоа време некаде веднаш по осамостојувањето, по распадот на групата покрај солистичката пејачка кариера, Драган Вучиќ влегува и во водителските води, професија што наа себесвојствен начин, оригинален, уникатен и пред се близок до вкусот на народот, успешно ќе ја турка се до неговиот последен ден во животот.

Музичкото талент шоу кое Македонија го имаше пред „Пинк“ и „Гранд“ воопшто и да бидат создадени, наречено „Вашите 5 минути“ и ден денес се памети. Таленти од народот со автобуси, организирано од цела Македонија доаѓаа за да си ја пробаат среќата, покажувајќи ги своите вокални и музички предиспозиции и скриениот талент пред целата ТВ јавност.

Во меѓувреме Вучиќ нникогаш не ја остави првата љубов – музиката настрана. Ги компонираше некои од најголемите македонски хитови, песни што останаа евергрини како макфестовската победничка песна испеана од Олгица Христовска во 1992 година, „Свирете ја зајди, зајди“, потоа исто така легендарната макфестовска тема „Ангели ме носат“ испеана од „Силви бенд“.

Или пак евровизиската „Ти си сон“ ( Make my day),  која ја напиша за својот син Мартин Вучиќ со која тој ја претставуваше Македонија на Евросонг 2005 година.

Телевизиските проекти се редат паралено со музичкита, а секој од нив поинаков, поразличен, можеби не толку спектакуларен, но се погледан и поприфатен од претходниот го прави Вучиќ своевиден ТВ феномен. Лик кој секогаш умее да го погоди вкусот на народот, влегувајќи во неговиот ментален склоп до срж, што му гарантира се поголема гледаност на секоја негова нова емисија, а нему се поголема популарност.

„Од вашите 5 минути“, преку „Знаеш, не знаеш – добиваш“, „Среќни луѓе“, „Возење со Вучиќ“… па се до последната – „Гурмански муабети“ ќе останат трајно запаметени… Како и нивниот автор и водител, македонскиот ТВ феномен, кој три децении со своите проекти постојано беше во врвот на популарноста кај ТВ гледачите и публиката воопшто.

Драган Вучиќ – синонимот за успех, за жал повеќе го нема. Прерано замина, ненадејно не напушти, оставајќи го зад себе семејството, бројните пријатели, својата верна публика и проектите во кои му гостуваа најголемите регионални естрадни ѕвезди: од Здравко Чолиќ до Северина, од Сузана Манчиќ до Ален Исламовиќ… патувајќи на патот кон вечноста по кој сега… „Ангели го носат“!

Најнови вести

Коронавирус