понеделник, 19. октомври 2020. Вести денес: 146
home Познати

Кога се заедно Твитер гори: Колинда и Макрон повторно се сретнаа на дожд, а од нејзините високи потпетици ќе се смеете со солзи (ФОТО)

Кога се заедно Твитер гори: Колинда и Макрон повторно се сретнаа на дожд, а од нејзините високи потпетици ќе се смеете со солзи (ФОТО)

По повод одбележувањето на 100 годишнината од крајот на првата светска војна францускиот претседател Емануел Макрон и неговата сопруга Брижит ги дочекаа шефовите на државите и владите на многу земји, меѓу кои освен Македонија од Балканот беше и хрватската претседателка Колинда Грабар Китаровиќ.

Макрон и Колинда разменија неколку зборови, повторно на дожд како и пред четири месеци во Русија кога се дружеа за време на финалето на СП каде на теренот станаа апсолутен хит низ целиот свет.

На социјалните мрежи повторно започнаа да се споделуваат фотографии од двајцата со коментари за „романтичната љубов помеѓу Макрон и Колинда која цветала“.

Иако не можеше да се слушне што Макрон и дошепна на Колинда по нејзината гестикулација може да се забележи дека тој и рекол дека повторно им врне дожд.

Можеби поради оваа реченица твитер заедницата ширум светот заклучи дека Макрон е романтичар, а на Колинда сето тоа и одговарало.

Голем број корисници на социјалните мрежи исто така ги коментираа и нејзините високи потпетици со животински дезен од леопард кои не одговарале за една ваква свеченост.

 

Коронавирус