среда, 24. јули 2019. Вести денес: 0
home Познати

Кога Гавазова ќе „замеша“ и Турчинките даваат отказ: Пејачката „им го зеде лебот“ на стомачните танчарки (ВИДЕО)

Кога Гавазова ќе „замеша“ и Турчинките даваат отказ: Пејачката „им го зеде лебот“ на стомачните танчарки (ВИДЕО)

Згодна, атрактивна, секси, со бујни атрибути, надарена со телесен раскош и талент за пеење… а на лето, уште и разголена!  „Ништо ново“ – ќе рече некој, зашто како таква Сузана Гавазова оддамна ја знаеме. Сме ја виделе во секси изданија и на спотови и на настапи и во приватниот живот. особено кога се во прашање летните одмори.

А, на еден таков во моментов бомбастичната струмичанка и се наоѓа… И тоа во Турција, на ексклузивна и мошне атрактивна летна локација во местото Сиде, антички град лоциран на мал полуостров близу Анталија, кое  важи за атрактивна туристичка дестинација.

Таму, покрај вообичааените летни активност од типот сончање, пливање, водени лудории… пејачката обилно ги користи и останатите погодности за одмор и забава. Во турските хотели вообичаено е се вклучено, па во она „ол инклузив“ спаѓаат и разните облици на забава и релаксација за гостите. Теретана, џакузи, масажи, разни спортови… ама и нешто што пејачката сфати дека може да и биде и од професионална полза: Школа за ориентални танци!

Па, Гавазова онака летно раскомотена, покрај бујниот потенцијал го покажа и оној другиот, што скриен лежи во неа… Нееее…. Никако не е тоа што мислите. Во тој дел од „ол инклузив“ понудата, задоволството го има само придружбата на фолкерката.

Пејачката тргна да учи како се изведува познатиот стомачен танц… Ама кога си роден со вродено чувство за ритам, не ти треба многу за да научиш, па Гавазова додека трепнеш одржа лекција, покажувајќи како се „меша“!

А, кога Гавазова ќе „замеша“ и Турчинките даваат отказ! Пејачката за малку што „не им го зеде лебот“ на стомачните танчарки.

Кој се сомнева дека ученичката не испадна подобра од учителот, нека погледне, провери и сам нека се увери дека Гавазова е роден талент! Барем за ориентални, стомачни танци!

Останатото останува да го видиме некој следен пат, кога  сексапилната фолкерка евентуално ќе налета на школа за танци… на шипка, на пример! Дотогаш… уживајте во нејзиниот денс перформанс.

 

 

View this post on Instagram

 

Belly dance.. ❤️❤️❤️❤️😛😛😛

A post shared by Suzana (@suzanagavazova) on

Извор: vistina.com.mk