понеделник, 27. септември 2021. Вести денес: 50
home Познати

Кога емоцијата искрено ќе те допре: Кој и купи насмевка на Елена Ристеска? (ФОТО+ВИДЕО)

Кога емоцијата искрено ќе те допре: Кој и купи насмевка на Елена Ристеска? (ФОТО+ВИДЕО)

Македонската пејачка Елена Ристеска својата музичка кариера ја стави во втор план и сега потполно е посветена на својот нов бизнис, па по парфемот неодамна ја лансираше и своја козметичка линија, односно геловите за туширање.

Секојдневно е зафатена со промоција на своите прозиводи, Елена се помалку споделува фотографии и информации за својот приватен живот. По тешките моменти со разводот и смртата на нејзиниот татко, една од ретките што може да и извлече насмевка на лицето е нејзината внука Делфина, за која Елена вели дека и е „најдобрата другарка“.

Сепак, во една од најновите објави на своите Инстаграм приказни пејачката покажа дека се уште може да постои и уште некој што „ќе и купи нсмевка“… Некој што ќе ти испратим позитивни вибрации, емоции за душата, што ќе те однесат некаде далеку во мислите, ќе ти приреди вистинска замислена идила… А тој некој да е исто како и ти – жена и тоа, онаа, која се занимава со истата професија, за што во некои поинакви прилики, многумина би рекле дека Елена би требало да ја чувствува за конкуренција.

Но, кога елегијата ќе ти ја згрее душата, а песната ќе ти создаде идила во мислите, на површина излегуваат само емоциите и тоа оние, најискрените, најчистите… Овој пат преточени во пофални зборови од Елена за новата песна „Идила“ на нејзината колешка Каролина Гочева и нејзината суптилна кавер изведба.

Најдобар доказ дека на естрадата секогаш не светкаат молњи, а конкуренцијата не само што треба да се почитува, туку може и да се сака!

Особено ако даваш се’ од себе на другите… „да им купиш насмевка“… Која и да си!

Коронавирус