сабота, 4. јули 2020. Вести денес: 0
МЕГА БОМБА

Нова аудио бомба: Што мисли Заев за Црвенковски и колку е Заев богат?

home Познати

Кога Емилија Розман ќе крене нога… може да боли глава! (ФОТО)

Кога Емилија Розман ќе крене нога… може да боли глава! (ФОТО)

Позната македонска мисица, манекенка, модел… Убава, згодна, стројна, сексапилна… Наизглед тивка, нежна, неизбежна – така барем личи и за таква важи македонската убавица Емилија Розман. За разлика од многумина други кои од долгиот престој во изолација од карантинот излегоа здебелени и запуштени, таа  „слободата“ по полицискиот час  ја дочека во полн сјај.

Ослабена, разубавена, средена, дотерана, госпоѓица „Розмантична“  бујна и расцветана едноставно блескаше на првата „постполициска“ фотографијата од својот балкон!

А другиот ден, кога конечно забраната престана да важи, а угостителите ги отворија кафулињата, кафеаните и сите останати угостителски објекти, сите очекуваа дека токму тие ќе бидат првото „зборно место“ за обновување на социјалната дружба на нацијата, арно ама…

„За некого отворија кафеани, за некого…“ – напиша во новата споделена фотографија на својот Инстаграм македонската убавица. На фотографијата Емилија, онака згодна убава и стројна со високо крената нога… “до плафон“! А, кога „Розмантична“ ќе крене нога, некого може да го боли глава… И тоа во буквална смисла!

Зашто, наместо во кафеана, Емилија замина во спортска сала, каде по принудната пауза, девојката со лице на убавица, а сила и боречка вештина на гладијатор, одново имаше тренинг по кик бокс!

Затоа, ако можеби некаде ја начекате во ваква или слична поза, како во случајов, каде што чепка под кренатата хауба на автомобилот марка БЕМ-ВЕ, колку и да ви паѓаат „секакви мисли“ на ум… Или културно понудете се да помогнете или останете си понастрана. За потоа да не ве боли глава… Па да се каете и проколнувате: „Да ти е Бем – Ве… и останато се’, кој  ѓавол ме тераше…!“

Најнови вести

Парламентарни избори 2020