петок, 22. ноември 2019. Вести денес: 121
home Познати

Ќерката на Мајкл Џексон стравува дека документарецот ќе стави крај на нејзината кариера

Ќерката на Мајкл Џексон стравува дека документарецот ќе стави крај на нејзината кариера

Ќерката на Мајкл Џексон, Парис стравува дека новиот документарен филм за нејзиниот татко, „Напуштајќи го Неверленд“, може да значи крај за нејзината актерска кариера.

Документарецот премиерата во Велика Британија ќе ја има неделава, и во него двајца мажи по име Вејд Робсон и Џејмс Сејфчак говорат за тоа како „кралот на поп-музиката“ сексуално ги злоупотребувал кога тие биле деца.

Парис Џексон „е во паника“ оти ова навраќање на контроверзното сексуално минато на нејзиниот татко, ќе ги натера продуцентите да не ѝ доделуваат улоги во иднина, открива извор близок до глумицата за списанието „Сан“.

Мајкл Џексон почина во 2009 година, а освен Парис, тој ги има и синовите Мајкл Помладиот и Принс.