четврток, 22. октомври 2020. Вести денес: 130
home Познати

Ќерката на Мајкл Џексон објави „морбидна“ фотографија: Пејачот е жив, таа порасната и се прегрнуваат

Ќерката на Мајкл Џексон објави „морбидна“ фотографија: Пејачот е жив, таа порасната и се прегрнуваат

Парис Џексон, ќерката на музичарот Мајкл Џексон, објави на Твитер обработена фотографија на која стои како дваесетгодишна девојка меѓу нејзиниот татко и мајка и, Деби Рои.

Иако фотографијата изгледа како портрет на среќно семејство, оваа сцена е невозможна бидејќи славниот музичар почина кога Парис уште беше дете, а со нејзината мајка водеше битка за старателство.

Фотографијата наиде на многу негативни коментари, а некои ја нарекоа дури и морбидна.

Но, ќерката на покојниот музичар бргу одговори на коментарите.

– Мислам дека е во ред да се мечтае за тоа колку е убаво да имате родители, па дури и тоа ако е на обработена фотографија на која можеме да ги гледаме, наведе Парис.

По оваа објава многумина застанаа на нејзина страна, коментирајќи дека го разбираат она низ кое таа поминува. Некои отидоа и чекор понапред и ја охрабруваат да направи нови слични фотографии. (МИА)

Коронавирус