недела, 22. јули 2018. Вести денес: 60
home Познати

Ќерката на големиот великан Боки скршена од тага: Со потресна порака и фотографија се прости од татка си

Ќерката на големиот великан Боки скршена од тага: Со потресна порака и фотографија се прости од татка си

Ќерката на познатиот српски великан, кларинетистот Божидар Боки Милошевиќ, кој вчера почина во Белград на возраст од 87 години, на Фејсбук објави потресна порака која е пропратена со фотографија.

-За многумина голем уметник, за нас „само“ наш тато. Патувај мој Божидаре… те сака ќерка ти, напиша Гордана Јовичевиќ.

Боки од 1976 година па се до заминувањето во пензија беше шеф на Народниот оркестaр на РТС, а продолжи да настапува и учествува во музичките програми и во подоцнежните години.

Работеше и како професор во музичкото училиште „Јосип Славенски“, а беше и член на Белградската филхармонија.

Милошевиќ е роден 1931 година во Прокупље, а со музика почнал да се занимава од 1950 година.

Дипломирал и магистрирал на Музичката академија во Белград.