понеделник, 25. јануари 2021. Вести денес: 145
home Познати

Ќерката на Џеј: Останав без мојот идол, ја загубив мојата најголема поддршка

Ќерката на Џеј: Останав без мојот идол, ја загубив мојата најголема поддршка

Марија Рамадановски, ќерката на починатиот пејач Џеј, вели дека се уште не е свесна дека го изгубила својот татко.

Во првата изјава по неговата смрт таа открива како изгледале последните денови на пејачот.

-Се исто, нормално. Како може да го поминува денот човек кој е болен. Му застана срцето. И тоа сите не изненади. Под лекови сум. Ќе го паметам по се најдобро, по најдоброто срце, душа, по великодушноста. По најдобрите песни кои ќе ги пејам целиот свој живот. Тој беше мојот идол, мојата најголема поддршка во животот. Сега останав без него. И не можам да бидам свесна дека го загубив, вели ќерката на Џеј за „Блиц“.

Марија открива дека нејзиниот татко немал последна желба. Со поранешната сопруга Нада останал во добри односи.

-Имам 24 години. Беше секогаш тука кога ми беше тешко и ме подигнуваше. Повеќе бев врзана за татко ми отколку за мајка ми, бидејќи живеам со неа. Цел живот го имам тоа чувство на недостаток. Никогаш не го пополнив, а сега е веќе доцна за тоа. Сите сме под стрес и под лекови, вели Марија.

Коронавирус