Пејачот ретко зборува за своите деца и нивните успеси, но во една прилика истакала дека ќерката Наида не ја интересираат материјалните работи, како и дека е приземна и вредна девојка.
Мерлин важи за семеен човек, а своето семејство го крие од очите на јавноста и љубоморно ја чува нивната идила само за себе. Во неколку наврати зборуваше за сопругата Амели, ќерката Наида и синот Хамзи.
– Наида е родена кога ја започнав кариерата и во детството доживеа се, од сиромаштија до, метафорички кажано „кавијар и шампањ“. Се навикна на скромен живот па нејзиниот одговор на моето прашање што да и донесам од Париз или Њујорк секогаш беше: „ Татко, фала, имам се, само побрзо врати се дома”. Материјалното не ја интересира, за разлика од нејзиниот помлад брат. Кога се роди Хамзи, повеќе немавме никакви екзистенцијални проблеми и се навикна на тоа јас и Амел да му даваме што и да посака. Него го прашувам што му треба, и не чека да ја завршам реченицата, тој веќе има листа со нарачки, истакнал своевремено популарниот пејач во едно интервју за хрватски магазин.
Ќерката на Дино е од десната страна.