недела, 22. мај 2022. Вести денес: 98
home Познати

Ќерката на Аркан: Toј не беше само сопруг на Цеца туку и наш сакан татко

Ќерката на Аркан: Toј не беше само сопруг на Цеца туку и наш сакан татко

Ќерката на Жељко Ражнатовиќ Аркан, Софија Ражнатовиќ откри непознати детали за врската со нејзиниот татко, но и за наследството, како и за односот со Светлана Цеца Ражнатовиќ.

Ќерката на Аркан, која ја доби со социјален работник кој се грижеше за него во белгиски затвор, се осврна и на врската со фолк ѕвездата Светлана Цеца Ражнатовиќ, за која вели дека е тешко да се разговара за поделбата на имотот.

Многу ми е жал што Цеца не може да биде интервјуирана како сериозна, одговорна личност и отворено да каже што навистина се случило по смртта на татко ми. Ние го сакаме само она што ни припаѓа, а тоа е дел од нашиот татко. Во Европа секој добива дел од наследството кога ќе почине родител. Нашиот живот штотуку започна и ние исто така сакаме да продолжиме понатаму и секое малку е повеќе од добредојдено. Аркан не беше само сопруг на Цеца туку и наш сакан татко.

Коронавирус