понеделник, 19. октомври 2020. Вести денес: 150
home Познати

Ќерката на Анабела оди на операција

Ќерката на Анабела оди на операција

Ќерката на Анабела Атијас и гаги Џогани, Луна призна во разговор со Наташа – Москва и Немања Тошиќ, дека по напуштањето на „Задруга 2“ оди на под нож кај пластичен хирург за зголемување на градите!

-Ми недостасуваат поголеми гради, кога носам костим за капење или кошула, да изгледам убаво, а не да сум рамна како даска! Ќе ставам силикони и ќе имам убави гради – најави Луна.

Москва и сугерираше само да не претерува, а Џогани се согласила со неа.

-Да, ќе ги направам тројка. Не сакам да ми бидат премногу големи, оние подигнати со големи брадавици, кои се познаваат преку облеката. Не е убаво кога носат кошули и маички без градник и брадавиците на девојките им се наѕираат. Твоите се убави. Ми се допаѓаат и градите на Александра Суботиќ, бидејќи тие дејлуваат природно и меко, имаат убав пад, а не како на Станија и на некои други овде, кренати нагоре и тврди – рече Луна.

-Ти си висока и тенка, имаш вита линија и  со силиконите ќе бидеш топ риба – ја поддржа поранешната снаа на Туѓман.

Сепак, Мики Ѓуричиќ рече дека Луна е висока и на нејзината градба не одат големи гради, и дека ништо не треба да прави, но Луна очигледно донела цврста одлука.

Да потсетиме, Луна уште во  „Задруга 1“ изјави дека размислува за намалување на носот, но дека се откажала бидејќи сметала дека повеќе нема да биде таа. Сепак, за силиконските гради се предомислила.

Вистина.мк

Коронавирус