петок, 22. октомври 2021. Вести денес: 192
home Познати

Ќе ви се заврти во глава – и од цената и од висината на потпетицата! Јелена Карлеуша се почести со чизми од нејзиниот омилен бренд

Ќе ви се заврти во глава – и од цената и од висината на потпетицата! Јелена Карлеуша се почести со чизми од нејзиниот омилен бренд

Популарната пејачка не штеди кога е модата во прашање, а сега се одлучи за чевли со потпис на нејзиниот омилен „Версаче“.

Јелена Карлеуша напорно работи на нови проекти, но не ја заборава својата најголема страст – модата, па реши да се почести со нов пар скапи чевли.

На социјалната мрежа Инстаграм, таа се пофали со новите чизми, кожени чизми до глуждот, чија цена е 1.300 евра.

Станува збор за модел на италијанската модна куќа „Версаче“ со платформа и многу висока потпетица – дури 15,5 сантиметри!

Јелена е страсна љубителка на овој бренд, па често ја гледаме во облека и чевли со потпис на „Версаче“, а во една прилика беше гостинка на модна ревија што се одржа во Италија.

Неодамна ја видовме во мини-фустани од овој бренд, кои потоа ги носеа и Софија Вергара и Емили Ратајковски, а едвај чекаме да видиме како Карлеуша ќе ги искомбинира овие чизми!

Локални избори 2021