петок, 22. ноември 2019. Вести денес: 114
home Познати

ЌЕ ВЕ НАЕЖИ: Балканската старлета и пејачка ја пронашле мртва во смачкан автомобил, полицијата ја барала шест дена! (ФОТО)

ЌЕ ВЕ НАЕЖИ: Балканската старлета и пејачка ја пронашле мртва во смачкан автомобил, полицијата ја барала шест дена! (ФОТО)

Пред повеќе од четири години познатата старлета Слаѓана Гудураш е пронајдена мртва во смачкан автомобил.

Полицијата тогаш го пронајде удрениот „Голф“ со босански регистрации во канал покрај патот Сремска Рача- Кузмин. Во возилото се наоѓало женско тело, а полицијата на почетокот се сомневала дека станува збор за пејачката и старлета која исчезнала шест дена претходно.

„Голфот“ е пронајден на местото кое поради густото зеленило слабо се гледало. Се претпоставувало дека станува збор за сообраќајна несреќа во која девојка излетала од патот, со што се потврдило подоцна.

Таа од 10 декември била недостапна на сите мобилни телефони од кога се смета дека е исчезната. Таа тргнала кон Белград и околу 18 часот ја преминала босанската границата од кога и се губи секој траг, пишуваа тогаш босанските медиуми.

Тие тогаш пишуваа и дека полицијата ги прегледала сите болници, но никаде не била пријавена старлетата.

Старлетата и пејачка тогаш беше погребана и испратена од околу 200 пријатели, роднини како и нејзиното момче.

Таа се појавила и во една од епизодите на серијата „Луд, збунет, нормален“, а подоцна стана и пејачка.

Таа била уште една жртва на несовесното возење и неприлагодена брзина, како опомена за сите…, се потсетуваат српските медиуми на неа.