среда, 13. ноември 2019. Вести денес: 0
home Познати

Ќе се стопите: Меган откри детаљ на нејзината венчаница, посветен на првиот состанок со Хари (ВИДЕО)

Ќе се стопите: Меган откри детаљ на нејзината венчаница, посветен на првиот состанок со Хари (ВИДЕО)

Нешто старо, нешто ново, нешто позајмено и нешто сино“ – според старо верување тоа се четирите детали кои секоја невеста треба да ги носи на себе на свадбата за да има среќен брак. Ова е традиција која се применува во многу земји ширум светот.

Исто како и војвотката Кетрин, и Меган Маркл ја почитуваше традицијата. Во видео од документартниот филм за кралицата Елизабета II, војвотката Меган открива што беше нејзиното „нешто сино“ на свадбата со принцот Хари.

„Некаде таму внатре е зашиено парче син материјал – тоа беше моето нешто сино. Тоа е материјал од фустанот кој го носев на нашиот прв состанок“ – вели шармантната војвотка од Сасекс во видеозаписот во кој ја гледа својата венчаница за првпат по свадбата.