сабота, 31. јули 2021. Вести денес: 0
home Познати

ЌЕ СЕ НАЕЖИТЕ: Карлеуша пред 13 години на оваа македонска песна го кажа судбоносното „Да“, Душко на колена и го бакнуваше стомакот (ВИДЕО)

ЌЕ СЕ НАЕЖИТЕ: Карлеуша пред 13 години на оваа македонска песна го кажа судбоносното „Да“, Душко на колена и го бакнуваше стомакот (ВИДЕО)

Во седмиот месец од бременоста пред точно 13 години српската пејачка Јелена Карлеуша на песната „Зајди зајди“ го кажа судбоносното „ДА“ на фудбалерот Душко Тошиќ.

Имено парот се венчаше на 28 јуни во 2008-та година, пред два дена прославија 13 години од бракот.

Пејачката носеше бел свилен фустан долг 17 метри со сфаровски кристали на него и истиот бил тежок пет килограми.

Истиот пејачката сама го има дизајнирано низ песната „Погледи у таму“, а во него блесна носејќи ја под раката нејзиниот татко Драган.

Покрај базенот парот имаше и свој перформанс, а Карлеуша додека ја пееше песната „Зајди зајди“ Душко гол клечеше на колена и го бакнуваше нејзиниот стомак.

На сето тоа им претходеше двапати изговореното „ДА, ДА“ од младенците и разменувајќи си бакнежи и честитки.

-Душко е човекот на мојот живот. Тој е се она за што сум сонувала, им се довери пејачката на новинарите за време на нејзината свадба во 2008 година.

Инаку Јелена е седум години помлада од Душко, а двајцата имаат две деца Атина и Ника.

Коронавирус