петок, 22. ноември 2019. Вести денес: 63
home Познати

Ќе почувствувате ужас кога ќе дознаете што било пронајдено во домот на Мајкл Џексон по обвинувањата за педофилија

Ќе почувствувате ужас кога ќе дознаете што било пронајдено во домот на Мајкл Џексон по обвинувањата за педофилија

Уште од почетокот на деведесетите се зборувало дека Мајкл Џексон има педофилски склоности, иако сега целиот свет е шокиран по прикажувањето на документарниот филм „Напуштајќи ја Недојдија”.

Два пати Џексон бил обвинет за педофилија, а судењата во 1993-та и 2000-та година ги следеле сите светски медиуми. И на двете судења тој бил ослободен од обвинението за педофилија, иако полицијата во претресот на неговиот имот „Недојдија” нашла колекција бизарни фотографии на голи деца, што не може никого да го остави рамнодушен.

Според полицијата, на фотографиите најдени во 2003-та година имало голи деца, измачување на деца и порно фотографии со деца и возрасни.

И неговата поранешна домашна помошничка јавно сведочела дека кралот на поп музиката сакал слики со голи бебиња и момчиња и дека му биле закачени по ѕидовите во куќата.

За потсетување, во 1993-та година Мајкл Џексон беше обвинет за сексуално злоставување на Џордан Чендлер. Со вонсудска нагодба му исплатил 25 милиони долари.

Вториот пат е обвинет во 2005-та за злоставување на Гевин Арвиз, но судот го ослободил пејачот поради недостиг на докази.