недела, 17. јануари 2021. Вести денес: 74
home Познати

Ким Кардашијан подарува 500.000 долари – Секој може да учествува и тоа многу едноставно

Ким Кардашијан подарува 500.000 долари – Секој може да учествува и тоа многу едноставно

Најпознатата старлета и ријалити sвезда на светот, Ким Кардашијан (40) ги израдува фановите, па дури и оние кои не толку многу ја сакаат, бидејќи подарува половина милион долари, а учеството во наградната игра може да земе секој и е многу едноставно.

Имено, познатата старлета на својот Twitter профил напиша дека ќе подари 500 долари на 1.000 луѓе што случајно ќе ги избере.

– Еј луѓе, ова е најубавиот период од годината. Знам дека 2020 година беше тешка година и многумина се загрижени дали ќе можат да ја платат киријата, да обезбедат храна за своето семејство или да им купат Божиќен подарок на децата. Сакам да ширам љубов испраќајќи 500 долари на 1.000 луѓе – напиша Ким со хаштагот „KKW holiday“ и ги покани обожавателите да ги остават своите податоци за да може да им исплати пари на оние кои ќе имаат среќа овој пат.

Фановите можат да се пријават со одговор на оваа објава на социјалната мрежа Twitter и пишување на хаштагови „#cashtag“ и „#KKWHoliday“.

Коронавирус